Силвестер Сталоне откри во каква состојба е Брус Вилис

Откако минатата година му беше дијагностицирана афазија, тешка невролошка болест, актерот Брус Вилис речиси и не се појавуваше во јавноста, а папараците само неколку пати го фотографираа со сопругата Ема.

Неговиот колега и долгогодишен пријател Силвестер Сталоне сега им објасни на странските медиуми дека Брус навистина се мачи.

– Брус минува низ навистина тешки времиња. Тој речиси воопшто не комуницира. Тој факт ме убива. Mногу е тажно, рече Сталоне, истакнувајќи дека неговото семејство исто така се соочува со многу предизвици.

Брус Вилис боледува од афазија, која влијае на неговата способност да слуша и зборува и најави дека се повлекува од актерството и бизнисот. Најчеста причина за афазија е мозочниот удар, но може да се појави и по повреда на главата, удар.