Силвестер Сталоне со емотивна видео-порака за Ник Кордеро: Го имаш окото на тигарот!

Силвестер Сталоне упати емотивна видео-порака кон неговиот колега, бродвејскиот глумец Ник Кордеро, кој неколку недели се бори со коронавирусот.

Главната поента е тоа дека борецот го има „окото на тигарот“, алудирајќи на познатата американска песна „The Eye of The Tiger“, што во филмовите „Роки“, но и во многу други, се однесува на врвната храброст.

Сопругата на Кордеро, Аманда Клутс, го објави видеото на интернет вчера – еден ден откако театарскиот глумец се разбуди од вештачката кома.

– Ти го имаш „окото на тигарот“, го имаш тој дар. Се бореше со тешко зло. Борбата беше жестока. И, човекот, како и семејството треба да се извонредно силни за да ја пребродат оваа ситуација. …Да му возвратиш на животот в лице и да му речеш: „Погоди што! Ќе ти треба многу повеќе од тоа. Јас сум фраерот.“ И, да. Ти си фраерот!, вели Сталоне во видеото.

Кордеро (41) и  Клутс, исто така – глумица, пред 11 месеци го добија синот Едуардо.

https://www.instagram.com/tv/CAJtK2egGyB/?utm_source=ig_embed

Кордеро овие два месеца неколкупати беше вклучен на респиратор. Во април му беше ампутирана десната нога, по што состојбата му стана полоша, особено со ослабнувањето на белите дробови. На 5 мај, нему му беше извршена операција за отстранување на дел од ткивото, а завчера се рабудил од вештачки предизвиканата кома.