Видно среќен поради заслужениот пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне по натпреварот со Милан изјави дека неговите фудбалери одиграле без грешка, одиграле совршено во вторите 45 минути.
„Бев свесен, знаев дека Милан ќе ни направи голем проблем. Имавме одличен старт, добив впечаток дека се е под наша контрола, дека имаме целосна контрола врз натпреварот и врз резултатот. Сепак, му дозволивме на Милан да се врати во игра. За среќа, моите фудбалери одиграа совршено во второто полувреме. Среќен сум поради играта на моите фудбалери, среќен сум поради нашите најверни фанови. Ова е ноќ за паметење, но знам дека ќе има уште вакви натпревари, знам дека моите фудбалери ќе дадат се од себе и во 1/4 финалната рунда,“ изјави аргентинскиот стручњак.