![132428332 симеоне](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/132428332-3.jpg?resize=620%2C420&ssl=1)
Иако подолго време се шпекулира дека Симеоне ќе го напушти „Винсенте Калдерон“ и дека ќе мине во италијанскиот гигант Интер, сето тоа денес го демантира директорот на Атлетико, Хил Марин.
Симеоне во овој клуб ќе остани до крајот на оваа и на наредната сезона. Со нас е пет години и логично е да остане уште многу повеќе, бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Ќе продолжиме да се развиваме и ние како клуб и тој како менаџер, па најпаметно за двете страни е тоа да го правиме заедно, изјави Марин за шпанските медиуми.
Атлетико по 16 одиграни натпревари ја зазема шеста позиција во Примера, а во првото пролетно коло ќе се соочи со тимот на Лас Палмас, додека кон крајот на февруари и почетокот на март го очекува двомечот против Баер Леверкузен од рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.