Веднаш откако неговиот тим го запиша и третиот пораз во низа, предводникот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Симеоне, откри дека неговите фудбалери се изморени поради напорниот ритам во изминатиот период.
„Можно е да сме изморени, а знаеме дека имавме еден континуиран ритам на победи и дека истиот е најважниот фактор кога е во прашање актуелната сезона. Ако играа фудбалерите кои имаат помала минутажа не знам дали сега ќе имавме толку освоени бодови и дали ќе бевме на оваа позиција на табелата. Сепак, да не заборавиме дека двапати загубивме во Купот на Шпанија и тоа од еден од најдобрите клубови во целиот свет, Реал (М). До пред осум дена Атлетико (М) беше лидер во Примера дивизион, а Барса и Реал (М) го имаат тоа што е потребно за да направат разлика на подолг временски период”, изјави аргентинскиот стручњак.