Младиот македонски напаѓач Марко Симоновски, поранешниот фудбалер на Металург потпиша со хрватскиот прволигаш Сплит, објавија хрватските медиуми.
Симоновски, кој во минатата сезона беше член на руски Амкар потпишал тригодишен договор со овој клуб. Тој синоќа дошол во Словенија, каде се наоѓа клубот на подготовки и ги договорил сите детали.
Симоновски веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Зоран Вулиќ и ќе го засили нападот, кој е сега најслабиот дел откако си замина суперталентот Рог, кој за четири милиони евра мина во Динамо Загреб.
Во минатата сезона, Симоновски за Амкар одигра само четири меча, а е поранешен македонски младински репрезентативец.