„Многу луѓе страдаат од болки во грбот, а 99 отсто од нив се работи за лошо држење на телото или за нешто слично. Но, во еден отсто тоа може да биде знак на рак на панкреасот, вели д-р Пипа Корие.
„Класичен симптом е болка во горниот дел на абдоменот кој се шири на грбот. Ако имате проблеми со грбот најверојатно ќе ве боли долниот дел на грбот. Но, ако ве боли средниот дел ос грбот, и ако губите апетит, уморни сте и губите телесна тежина , консултирајте со лекар.
-
Розев исцедок по менопаузата
Розевиот исцедок или било какво вагинално крварење, која се јавува по менопаузата мора да се пријави на лекар, бидејќи тоа може да биде знак на рак на грлото на матката. Оваа форма на рак се поврзува со прекумерната тежина, нарушување што влијае на голем број на луѓе. Оваа форма на рак се третира лесно доколку се открие на време.
-
Проблеми со мокрењето
Како што стареат мажите, простата расте, тоа може да предизвика почесто мокрење, особено ноќе.
„Ако често мокрите или имате проблеми со мокрењето, тоа може да укажува на рак на простата“, вели професор Питер Џонсон, онколог во Универзитетот Саутемптон.
„Вашиот лекар може да се изврши тест и да се направи биопсија. Ако тестот е позитивен, тоа не мора да значи дека треба третман, бидејќи на овој вид на тумор не може да биде опасен, но, исто така може.”