Раководител на интернет порталот Бриф е Илин Николовски, син на пратеничката од коалицијата на СДСМ, Ленче Николовска. Инаку, Ленче Николовска, е поранешна новинарка во А1 телевизија каде беше одговорен уредник на земјоделската програма.
Во Бриф работи и Нора Шаќири, препознатлива како член на градската организација на СДСМ. Нејзиниот брат, пак, Арбен Шаќири беше промовиран како член на партискиот совет на култура на СДСМ. Нивен шеф и газда, како што претходно напоменавме, е Илин Николовски, кој има неполни 22 години. Тој е единствен основач и управител на фирмата Друштво за дигитални медиуми Бабински Дооел на која е регистриран сајтот. Паричниот влог за основање на фирмата е 5.100 евра, кој го дал Илин, што е позамашна сума на пари за еден студент.
Ваквите податоци говорат дека Илин Николовски всушност можеби е само е проформа, зад која стојат одредени политички интереси кои и всушност го водат информативниот сајт.
И ова наликува на случај, каде има директна поврзаност на политиката и медиумите.
Вториот случај кој е непомалку интересен, е работењето на сајтот А1 Он. Негов сопственик е поранешниот новинар во телевизијата А1,Предраг Петровиќ. Тој сајтот го регистрирал на Друштвото за дигитални медиуми Онлајн Медија Дооел Скопје, каде е единствен основач и сопственик со основна главнина од 326 илјади денари.
Тој за 2012 година прикажал приходи од 1.078.588 денари, што за еден сајт почетник е добра сума. По ова сопственикот одлучил да го надгради својот портал и направил црногорска верзија на сајтот. Она што е многу интересно е тоа што ако на сајтот на црногорската верзија се влезе во импресиумот ќе се види адреса на седиште и телефон и имиња на новинари кои доколку се прогуглаат ќе се види дека всушност луѓето од импресиумот кој се преставени како новинари, уредници и сниматели водат туристичка агенција која се вика ТТС. Дури и телефоните се идентични, што значи дека туристичките работници од Црна Гора водат медиум под покровителство на А1 Он, што е скандалозно и отвара значителен сомнеж и во најмала рака го урива кредибилитетот на самиот информативен сајт.