Синагога од VII век откриена на југот на Турција

Турските археолози минатата седмица откриле синагога којашто датира од VII век од нашата ера под станбена зграда во областа на градот Сиде на југот од Турција.

„Постојат историски записи дека Евреите живееле во Сиде, но сега првпат ги откривме првите силни докази за тоа“, изјавил за весникот Sabah Феишах Алањала, научник од Универзитетот Анадолу.

Објектот на синагогата е откиена во градот Сиде како резутлат на долгогодишните археолошки ископувања во регионот Манавгат во провинцијата Анталаја. Во моментов во Сиде се изведуваат 90 археолошки ископувања.

Според Алањала, „синагогите не се толку видливи како џамиите или црквите“, поради особеноста на нивните конструкции и затоа не е лесно да се пронајдат.

Зборовите испишани на синагогаат фрлаат светлина врз нејзината историја. Тие гласат „Јосиф од Коракесион (денешната област Аланија) му го посвети ова на синот Даниел. Според научниците, синот Даниел починал да само две иполгодишна возраст, а Јосиф ги платил трошоците за реставрација на синагогатa.