Демант од Синдикат на Државниот испитен центар на изјавата на МОН во врска со државната матура:
Кога Синдикатот на СОДИЦ го стави штрајкот во мирување во интерес на учениците и одлучи дека ќе покаже практично што значи грижа за општественото добро со тоа што ќе ја реализира државната матура без оглед на тоа што од штрајкот добивме само празни ветувања, знаевме дека можеме професионално и навремено да ја завршиме нашата обврска.
Тоа и го направивме!
Обидот на министерот, односно на МОН да ја префрлат одговорноста на вработените на ДИЦ и на штрајкот за нерегуларностите во спроведувањето е само избегнување на сопствената одговорност за настаните.
Ве известуваме дека изјавата на министерот во врска со причините за неполагање на државната матура во големи простории е ЛАГА.
Впрочем, за матурата да се спроведува во сали или да се обезбедат блокатори (интернет и телефонските мрежи) во училиштата, вработените на ДИЦ се борат од спроведувањето на првата матура и досега не сме добиле дозвола за тоа.
И без штрајк ќе постоеја вибер-групи и немаше испитите да се спроведат во големи простории!
Затоа, министре, покажете доблест, но пред сè лична одговорност и не се кријте зад штрајкот!
Потсетување: штрајкот на СОДИЦ е во мирување, не е завршен.