Синдикатот на полиција во Македонија – СПМ бара повисоки плати. Во нивното соопштение го поздравуваат покачувањето на износот на минималната плата во државата на 20.100 денари. Велат, добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.
Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:
Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира-Која е придобивката од ова покачување за вработените во МВР?
Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дијалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.
Затоа како Синдикат бараме уште од месец април 2023 година:
-платите на сите вработени во МВР да се зголемат за 10%,
-од месец април 2023 година да се вратат законските 32 часови месечна работа подолга од полното работно време за сите вработени.
Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец април 2023 година го бараме и предлагаме да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.
Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!
Враќање на професионализмот во полицијата!