Синдикати од регионот дебатираат за социјалната кохезијa и подобрување на работникот

синдикати

Конференцијата се одржува под покровителство на Европската унија, а целта е да се разменат мислења и искуства околу социјалниот дијалог и како тој функционира во европските држави и во оние кои се кандидати за пристапување кон ЕУ.

Социјалниот дијалог е еден од столбовите на кои се заснова Европската унија, а во една земја како Македонија, која е во преговори за пристапување кон ЕУ, социјалниот дијалог е еден од основните прашања на кои треба да се работи. Она што сакаме да го направиме е да и помогнеме на Македонија да направи големи чекори за исполнување на овие услови, изјави Пјерџорџио Шакуа, заменик-претседател на Христијанското демократско движење во Италија.

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков очекува дека од конференцијата ќе произлезат многу искуства кои Македонија ќе може да ги искористи во унапредувањето на социјалниот дијалог.

Тој смета дека работничките права може да се подобрат само доколку синдикатите се занимаваат со вистински синдикални активности и се борат за подобрување на условите за работа.

Очекувам синдикатите да се занимаваат со вистински синдикални активности и да се залагаат за правата на работниците. Кога ќе го подобриме функционирањето на синдикатите во државата, убеден сум дека работничките права ќе се зголемат, изјави Неделков.