Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш.
Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со целизразување на незадоволството е нашето незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија со краток говор на претседателката Сања Арсовска која ќе даде и изјава за медиумите, ќе продолжи пред Владата, каде хорот на Националата опера и балет ќе изведе дел од операта „Хорот на Евреите“ од Набуко и ќе заврши пред Министерството за култура каде по краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.