![ujp tabla](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/ujp-tabla.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Синдикатот „Солидарност“ – УЈП утре најверојатно ќе испрати предлог за нов медијатор до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) откако денеска назначениот помирувач Лазар Јовевски побарал изземање.
Како што изјави за МИА претседателот на синдикатот Васе Недановски, Јовевски бил во странство и не можел да се врати во рокот од три дена, кога треба да постапи.
„Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика“, рече Недановски за МИА.
Вицепремиерот за економски пршања Фатмир Битиќи смета дека вработените во УЈП сепак нема да стапат во генерален штрајк. Тој е оптимист и се надева, истакна денеска, дека ќе се најде решение.
„Генерален штрајк не би требало да се случи зашто вработените во УЈП, како и сите други вработени во јавниот сектор, заслужуваат достоинствени плати“, изјави Битиќи.
Синдикатот „Солидарност“ – УЈП засега не отстапува од одлуката за генерален штрајк доколку нема зголемување на платите за 30 проценти.