Синдкатите апелираат да се преземаат мерки за заштита на работниците од топлото време

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение побара преземање мерки за заштита на работниците кои работат на високи температури и доследна примена на препораките од Владата за заштита од топлото време.

Од ССМ потсетуваат дека работодавачот, согласно Законот за безбедност и здравје, е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците.

Работодавачот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење, температура и влажност на воздухот, но може со соодветна примена на правилата на заштита на работа, во голема мерка да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес, се наведува во соопштението каде се цитираат делови од Законот.