Синер лесно со Кецмановиќ за четвртото коло на Вимблдон

Моменталниот светскиот тенисер број еден во светот, Италијанецот Јаник Синер се пласираше во четвртото коло на Вимблдон со убедливи 6-1, 6-4, 6-2 против српскиот претставник Миомир Кецмановиќ во мечот од третото коло кој траеше нешто повеќе од час иполовина.

За разлика од претходниот дуел против сонародникот Матео Беретини, против кого опасно „висеше“ и славеше по четири сета а сите три ги доби во „тај-брејк“, Синер беше доминантен против Кецмановиќ, недозволувајќи му ниту еден „брејк““.

Во летвртото коло Синер ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Канаѓанецот Денис Шаповачов и Американецот Бен Шелтон, кој поради дожд беше одложен за в сабота.

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО,

ТЕНИСЕРИ:

Јаник Синер (Италија/1) – Миомир Кецмановиќ (Србија) 6-1, 6-4, 6-2
Григор Димитров (Бугарија/10) – Гаел Монфис (Франција) 6-3, 6-4, 6-3
Карлос Алкараз (Шпанија/3) – Френсис Тиафо (САД/29) 5-7, 6-2, 4-6, 7-6 (2), 6-2
Томи Пол (САД/12) – Александар Бублик (Казахстан/23) 6-3, 6-4, 6-2

ТЕНИСЕРКИ:

Лулу Сан (Нов Зеланд) – Жу Лин (Кина) 7-6 (4), 7-6 (6)
Ема Радукану (Велика Британија) – Марија Сакари (Грција/9) 6-2, 6-3
Пола Бадош (Шпанија) – Дарја Касаткина (Русија/14) 7-6 (6), 4-6, 6-4
Дона Векиќ (Хрватска) – Дајана Јастремска (Украина/28) 7-6 (4), 6-7 (3), 6-1
Јасмин Паолини (Италија/7) – Бјанка Андрееску (Канада) 7-6 (4), 6-1
Медисон Кис (САД/12) – Марта Костјук (Украина/18) 6-4, 6-3
Ема Наваро (САД/19) – Дијана Шнајдер (Русија) 2-6, 6-3, 6-4
Коко Гоф (САД/2) – Сонај Картал (Велија Британија) 6-4, 6-0