![mesi godin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/mesi-godin.jpg?resize=600%2C400&ssl=1)
Аргентина со минимални 1:0 го совлада Уругвај во големото дерби на групата Б, но покрај клучниот погодок на Серхио Кун Агуеро, посебно интересен за фудбалските фанови беше и еден момент во кој во главна улога беа Лионел Меси и Диего Годин.
Поради фантастичното темпо на натпреварот, и двајцата фудбалери почувствуваа голем замор по еден неуспешен напад на Аргентинците, но она што остави многу поголем впечаток беа синхронизираните движења со кои напаѓачот и дефанзивецот станаа вистински хит на социјалните мрежи.