Синиша Ивановски е нов директор на Железници инфраструктура

Железници инфраструктура има нов директор. Досегашниот Зоран Трифуновски е сменет со Синиша Ивановски кој веќе една недела е на чело на ова претпријатие.

Инаку, Ивановски во јавноста е познат како поранешен директор на скопското претријатије „Улици и Патишта“ во времето на Коце Трајановски, а во моментов е актуелен претседател на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Во Железници инфраструктура е избран и новиот состав на Управниот одбор.

За претседател на УО е избран Роберто Тошевски, а за членови Јован Симевски, Сашо Мојсовски, Небојша Захариески, Голубина Арсовска, Елена Стојкоска и Александар Маџаров.