
По вчерашниот земјотрес во текот на ноќта беа регистрирани околу 30 послаби потреси во Загреб.
Состојбата нма 15-годишното девојче што беше повредено при во вчерашниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска е непроменета и се бори за живот.
Сеизмологот Крешимир Кука изјави за Хрватско радио дека секундарните потреси ќе траат со недели и месеци.
Земјотрес со интензитет од 5,3 степени вчера утрово беше регистран во Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри и предизвика материјална штета.