Ханибал Гадафи, синот на починатиот либиски лидер Моамер Гадафи, е префрлен во „критична состојба“ од либански затвор во болница, објави вчера телевизијата Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Гадафи штрајкуваше со глад минатиот месец во знак на протест поради неговото затворање без судење од 2015 година.
Повикувајќи се на неименувани извори, Ал-Хадат рече дека Гадафи имал ненадејно намалување на шеќерот во крвта.
Гадафи е обвинет во Либан дека прикрил информации за судбината на имамот Муса ал Садр, либански шиитски муслимански свештеник кој исчезна за време на патувањето во Либија во 1978 година.
Моамер Гадафи беше заробен и убиен од бунтовниците во 2011 година.