Синот на Бајден финансирал американски биолаборатории во Украина, обвини Москва

Инвестицискиот фонд „Rosemont Seneca“ на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, ја финансирал воено-биолошката програма на Пентагон во Украина, изјави во четвртокот началникот на руската војска за радијациска, хемиска и биолошка заштита, Игор Кирилов.

Документите до коишто дошле руските единици кои дејствуваат во војната во Украина, овозможуваат да се следи шемата на соработката меѓу американските владини агенции и украинските биолошки објекти, го цитира агенцијата РИА генерал-полковникот Кирилов.

„Истовремено постои блиска поврзаност меѓу фондот (Rosemont Seneca) и главните подизведувачи на американската армија, вклучително и ‘Metabiotа’ која заедно со ‘Black and Veach’, е главниот снабдувач на опремата за биоламораториите на Пентагон во целиот свет“, додаде Кирилов.

Истакнал дека инвецискиот фонд на Хантер Бајден поседува актива во обем од најмалку 2,4 милијарди долари.

Покрај тоа, во американската воено-биолошка програма во Украина била вклучена и Фондацијата Сорос, на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос, додал Кирилов.

„Импресивен е обемот на оваа програма. Покрај воениот ресор, и Афенцијата за меѓународен развој на САД (United States Agency for International Development, USAID), фондацијата на Џорџ Сорос, Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC) биле директно вклучени во имплементацијата на програмата. Научниот надзор го вршеле водечките истражувачки организации, вклучително и Националната лабораторја во Лос Аламос, која развива нуклеарното оружје како дел од ‘проектот Менхетен“, рекол Кирилов.

Руското министерство за одбрана допшло до заклучокот дека приоритетот за САД во работата на украинските биолошки лаборатории било проучувањето на особено опасниот патоген на антраксот. Притоа, во странство не биле носени само примероцои од ткива и серум од човечка крв, туку и опасните патогени. Така, повеќе од 10.000 примероци биле испратени во Центарот Лугар во Грузија. Меѓу примателите, исто така, биле вклучени и референтни лабораории во Велика Британија и Институтот Лофлер во Германија.

Кирилов истакнал дека изнесувањето на патогените во странство создавал ризик од истекување на „чувствителни генетски информации“, како и закани за биолошката безбедност не само за Украина, туку и за земјите во регионите каде што се префрлани примероците.

Кирилов потсетил на претходните објави дека кога активносите на Пентагон со антраксот завршувале со инциденти. Така, во периодот меѓу 2005 и 2015 година, од Дагвејскиот полигон на копнените војски на САД биле распространети живи спори на антраксот во десетина земји низ светот.

Покрај тоа, Русија добила документи кои потврдуваат дека САД тестирале непроверени лекови врз украинските војници.

„Станува збор за системот за скрининг на фармацефтскиот производ Deep Drug кои не ја минале процедурата за лиценцирање во САД и Канада (…) Особениот цинизам на американските спонзори се гледа во фактото што компанијата којашто го равивала „ Scymount“, понудила да го купи системот врз комерцијална основа, и покрај фактот што вработените во министерството за одбрана на Украина ги вклучиле своите припадници како волонтери“, додал Кирилов.

Појаснил дека таквите активности се забранети во САД, па затоа Пентагон ги изведувал во странство. Повеќе од 4.000 луѓе, според Кирилов, биле вклучени во истражувањето во рамките на проектот UP-8, а според податоци објавени во бугарските медиуми, во текот на експериментите само во Харковската лабораторија починале околу 20 украински војници а околу 200 биле хоспитализирани.

Вкупно, според министерството за надворешни работи Кина, САД контролираат 336 биолошки лаборатории во 20 земји, додал Кирилив, повикувајќи го Вашингтон да ги објасни вистинските цели на таквите активности.

WP: Синот на Бајден ги потрошил на наркотици парите заработени во Украина