
Несреќата се случила кога автомобил од спротивниот правец директно удрил во автомобилот кој го управувал пријател на Вељко, пишува српски Блиц.
-Сообраќајната несреќа се случила кај местото Шамац кога Вељко и неговиот другар, кој возел, се обиделе да го избегнат несовесниот возач од спротивниот правец. Човекот кој возел пред нив нагло закочил и без трепкач свртел десно. За да избегнат удар, другарот на Вељко свртел лево и налетал на автомобилот кој доаѓал од спротивната насока, вели извор на Блиц кој се нашол на лице место.
Како што пишува весникот, Вељко и неговиот другар имаат потешки повреди, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Веднаш била повикана Итна помош и двете момчиња се примени во болница каде им се направени сите потребни снимања и испитувања.