![dzejsi-chen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/01/dzejsi-chen.jpg?resize=640%2C393&ssl=1)
Синот на актерот Џеки Чен е осуден на шест месеци затворска казна во Пекинг, под обвинение дека поседувал околу 100 грама канабис во својот дом, објави АФП, пренесува Нетпрес.
Триесет и двегодишниот актер и пејач Џејси Чен бил уапсен во август, лани, во кинеската престолнина, заедно со популарниот дваесет и тригодишен тајвански актер Каи Ko. Двајцата во полиција признале дека конзумирале марихуана.
Случајот предизвикал големо внимание во медиумите и на социјалните мрежи. На судското рочиште, кое траело околу 90 минути, Џејси Чен ја признал вината, било наведено во соопштението од судот.
Во изминативе месеци Кина приведе и други локални ѕвезди и јавни лица под обвинение за употреба на наркотици.
Синот на светски популарниот актер Џеки Чен е всушност „жртва“ на кампањата на кинеската влада, насочена против употребата на наркотици и против проституцијата.
Во текот на кампањата, кинеската полиција јавно ги изложуваше приведените, и тоа со голема соработка на најголемите медиуми во земјата.