Фердинанд Маркос помладиот е пред остварување голема победа на филиписнките претседателски избори во понеделникот, откако неофицијалните резултати по пребројувањето на две третини од гласовите покажаа дека синот на озлогласениот починат диктатори е во големо водство пред противкандидатката.
Големото водство ги засилува шансите за некогаш незамисливото враќање на власт на семејството Маркос, 36 години откако нејзиниот челник беше соборен во народна револуција, а неговото семејство протерено во егзил.
Маркос помладиот, познат по прекарот Бонгбонг, добил 21,7 милиони гласовите, повеќе од двојот нд 10,3 милиони гласови колку што добила Лени Робредо, актуелната потрпетседателка, по преброените 66,1 отсто од гласачки ливчиња, објави изборната комисија.
„Не е готово додена не биде готово“, задоволно коментираше портпаролот на Маркос.
Семејството се врати од егзил во 1994 години, и од тогаш повторно е моќно во политичкиот живот, благодарејќи на големото богатство и врските.
Шеесет ичетиригодишниот Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос беше гувернер, конгресмен и сенатори, неговата сеста Ими е сенаторика, а мајката Имелда четири мандати беше пратеничка.
Маркос во 2016 година ги загуби потпретседателските избори токму од Лени Робредо за само 200.000 гласови, што не испеа да ги поништи. Робредо е политички поврзана со движењето коешто го собори од власт Маркос постариот.
Право на глас имаа 65 милиони луѓе, а гласаа за наследник на претседателот Родриго Дутерте кој ги заврши шестгодинишниот мандат, како и за илајдници други функционери, од пратеници и гувернери до градоналаници и советници.
Изборите, според изборната комисија, биле „релативно мирни“. Забележани се 15 безбедносни инцидентит и убиени те тројца припадници на силите за редог на изборачки места на југот од земјата.