![saadi gadafi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/saadi-gadafi.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Од затвор излегува Саади Гадафи, еден од синовите на поранешниот лидер на Либија, Моамер Гадафи, кој беше соборен и убиен за време на бунтот во 2011 година.
Кога се случи големиот бунт пред 10 години, Саади Гадафи, кој инаку е поранешен професионален фудбалер, пребега во Нигер, но по три години беше екстрадиран во Либија и оттогаш беше затворен во Триполи.
Сега, откако повторно ја почувствува слободата, тој заминал во Истанбул. Инаку, Саади Гадафи е обвинет за злосторства извршени врз демонстранти во 2011 година.