Синот на Гадафи, Саиф ал Ислам, само на пет минути се појави пред суд

Саиф ал Ислам, синот на поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи, се појавил пред судот во градот Зинтан каде е обвинет поради загрозување на државната безбедност.

„Рочиштето траеше само пет минути и е одложено за 27-ми февруари поради отсуство на другите обвинети“, рекол Мухамед Бусем, кој судот го поставил како официјален адвокат на Саиф.

Бусем рекол дека Саиф, кого го бара и Меѓународниот кривичен суд во Хаг, каде што е обвинет за убиство на цивили, во првите денови од востанието во Либија, пред судот се појавил во добра здравствена состојба.

Обвинителството на Кривичниот суд во Триполи обвини околу 30 соработници на Гадафи, вкучувајќи го и неговиот син Саиф ал Ислам, поради големиот број кривични дела извршени во текот на востанието во 2011-та година.