Синот на ирската пејачка Шинед О’Конор пронајден мртов

Ирската музичарка Шинед О’Конор на Твитер објави дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.

„Мојот прекрасен син, Невиим Неста Али Шејн О’Конор, самата светлина на мојот живот, одлучи да ја прекине својата земна борба денес и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Бебе мое. Те сакам многу“, напиша пејачката.

Тинејџерот беше исчезнат од четвртокот, а полицијата упати апел да помогне да се најде. Шејн последен пат бил виден вчера, во Талахт, Јужен Даблин.

„По извлекувањето на телото во областа Бреј во Виклоу во петокот, 7 јануари 2022 година, потрагата по исчезнато лице во однос на Шејн О’Конор, 17 години, беше повлечена“, рече портпаролот.

Шејн е син на Шинејд и на ирскиот фолк пејач Донал Лани, а пејачката има уште три деца.