Синот на Јанукович: Никој не ми ги замрзнал банкарските сметки

Украинскиот пратеник и син на соборениот претседател на Украина. Виктор Јанукович-помладиот, истакнал дека информациите за тоа дека голем број земји ги блокирале неговите сметки се лажни, пишува „УНН“. Тој ваквите информации ги објави на својот профил, на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Бројните публикации во медиумите за моите блокирани сметки во Швајцарија, Германија и каде ли уште не, за мене не се ништо повеќе од информативен и психолошки притисок врз и без тоа, исплашеното население на Украина. Таквите информации се бесрамна лага и воопшто не ме интересираат. Сите наведени земји, што наводно ги замрзнуваат моите непостоечки сметки изгледаат толку евтино и смешно, колку и оние кои во моментов ја презедоа власта во Украина“, напишал Виктор на својот профил.