Синот на некрунисаниот „Крал на кокаинот“ уапсен во Херцег Нови

Лазар Космајац, син на Драгослав Космајац, е уапсен во Херцег Нови заради возење со неприлагодена бризна и по итна постапка префрлен во затворот во Спуж, објави белградски Блиц.

Лазар Космајац (24) возел со неприлагодена брзина и не запрел на предупредување од полицијата. Во автомобилот бил заедно со својот татко Драгослав, кого премиерот на Србија Александар Вучиќ го именува како најголем нарко бос во Србија.

Лазар Космајац и побегнал на патролата, но еден час подоцна се вратил и се пријавил во полиција по што платил казна за пречекорување брзина. Од Драгослав Космајац, по неговото враќање немало ни трага, наведува Блиц. Неговиот син е осуден на 10 дена затвор.