Синот на Пеле вели Винисиус го претставува тоа што татко ми го правеше за фудбалот

Според шпанските медиуми, Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“ на церемонијата која е закажана за во понеделник.

Бразилскиот напаѓач е клучен играч во Реал Мадрид, а синот на бразилската фудбалска легенда Пеле, Џошуа го спореди со својот татко.

„Винициус има сличности со татко ми. Тој ја отелотворува историјата и суштината на она што татко ми го претставуваше во светот на фудбалот“, објасни синот на Пеле.

На прашањето за шансите на Винициус за „Златната топка“, Џошуа рече дека се надева дека тој ќе ја освои.