
Некогашната гордост на Штип и штипјани, термалната бања Кежовица, страна жртва на негрижа на политички поставените кадри, објави ММС.МК.
Зградата на бањата, базените со топла вода со целокупната инфраструктура и тушевите се руинирани. Нема славини или тие што ги има не се целосно фунционионални. Апсурдот е што бањата, која е лоцирана до коритото на реката Брегалница, има свој систем на студена вода и како што се случши неодамна, да снема вода од водоводот или откаже пумпата, нема можност за разладување на топлата вода, нема резервар, а со тоа и бањата не е во функција, пишува порталот.
„Внатрешноста на бањата е најдобра слика на работењето на партиските кадри. Голема победа на локалната власт на СДСМ пред 15-тина години е замената на венецијанското терацо. Но, и тоа не траеше долго. Не поради нивниот квалитет, туку затоа што кога власта ја презеде ВМРО ДПМНЕ, одлучи пак таму да интервенира, со замена на плочки, кои просто беа излепени со нови, со силикон, кој не успеа да го издржи влијанието на термалната вода и една по една почнаа да паѓаат. Друг апсурд е замената на отпорните алуминиумски врати со ПВЦ, кои набргу почнаа да се искривуваат и пропаѓаат. Ѕидовите се нагризани со тавани од фасаден малтер што паѓаат, висечки кабли, искршени врати од иверица – тоа се само дел од условите кои ќе го дочекаат секој дојденец, понесен од новинарските написи за штипската спа од турско време“.
Друга приказна е управувањето, поточно неуправувањето со бањата. Овој вреден објект е предаден во рацете на таткото на довчерашниот претседател на општинската организација на СДСМ во Штип и советник во кабинетот на градоачалникот, Никола Тушев. Постариот Тушев, е неофицијален раководител на бањата, бидејќи е со средно образование и не ги исполнува условите да биде раководител. Мите Тушев, е заслужен кадар на Социјалистичката партија на Ѕинго и некогашен кадидат на оваа партија за градоначалник во Општината Карбинци, против кандидатот на СДСМ. Позицијата на господинот Тушев, како прв кадровник на штипските социјалдемократи, му даде слобода да заборави на непотизмот и таткото го смести во удобната шефовска позиција на бањата. Но, тоа не е најсуштинското во случајот. Бањата е препуштена сама на себе, бидејќи раководителот Мите Тушев во работно време е хонорарен продавач на полиси за осигурување и има поважна работа во животот од раководењето на пропадната бања, објави порталот.