
Парите од К-15 му ги барал назад. Станува збор за сопственик на штипска фабрика откри претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски.
-Минатата недела, синот го вратил регресот на неговиот татко и синот се охрабри и пишува на нашата мејл адреса сснм.орг и вика, јас бев тој, спремен сум да одам во полициска станица и ќе го повикаме. Да не ја кажувам фирмата. Таму ќе мора да интервенира Основното јавно обвинителство (ОЈО) бидејќи детето во овој мејл што го пишува е сериозно и тоа претставува документ кој ќе го потврди и со тешко срце вика, „јас бев тој што ги вратив парите“, вели Димовски.
-К-15 мора да исплатат сите компаниите за сите свои вработените. Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас.
Доколку на пример работникот е пријавен на половина работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.