Синовите на убиениот Јусуфи бараат 1 милион евра oтштета од Тарчуловски

Елмаз и Зенеп Јусуфови, синови на убиениот Рами Јусуфов од Љуботен во конфликтот од 2001 година отворија судски процес против државата Македонија и пратеникот Јохан Тарчуловски и бараат отштета од 1 милион евра.

Денеска во Основниот суд Скопје 2 е закажано ново судско рочиште. На претходното рочиште Тарчуловски не се појави во судот, а сега е во кужен притвор за настаните во Собранието на 27 април.

Тужителите Јусуфови сметаат дека по пресудата на Судот во Хаг, со која Тарчуловски е осуден за воени злосторства врз цивилно население токму во скопското село Љуботен, тие имаат право на надомест на штета.

Јохан Тарчуловски беше осуден на казна затвор во траење од 12 години.