Тениските убавици Марија Шарапова и Ана Ивановиќ изборија 1/2 финале на Мастерс турнирот во Синсинати.
Ивановиќ во 1/4 финалето славеше со 2-0 против Елена Свитолина додека Шарапова загуби сет и тоа првиот во пресметката со Симона Хапел.
Ова ќе биде 12-ти меч помеѓу Ивановиќ и Шарапова, а во досегашните меѓусебни дуели поуспешна е Русинката со 8 победи.
Во второто полуфинале Серена Вилијамс ќе игра со Каролина Вознијацки.