Синвар напишал: Заложниците се важни за пазарење

Документите објавени во палестинскиот весник „Ал Кудс“ се однесуваат на стихови од Куранот за тоа како треба да се постапува со заложници. Весникот не наведува каде се пронајдени, но тврди дека се со ракопис на Јахја Синвар

Палестинскиот весник „Ал Кудс“ откри документи кои што ги опиша како упатства оставени од убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар. Документите се напишани рачно од Синвар, а во нив тој се осврнува на заложниците киднапирани од Хамас и опишува и како треба да се однесуваат со нив.

Весникот објави три такви документи напишани пред повеќе од една година, пред единственото ослободување на заложниците, минатиот ноември. Тие вклучуваат упатства за заштита на заложниците, детали за нив и имињата на 11 жени кои оттогаш беа ослободени.

Првите документи вклучуваат стихови од Куранот кои се однесуваат на тоа како треба да се постапува со заложниците. Тие мора да бидат заштитени, тие се важни за пазарење“, напиша тој.

Во вториот документ се наведени заложниците по пол и по возраст и дали се војници или цивили. Во него се наведени пет мажи на возраст над 60 години, десет мажи под 60 години, тројца војници, три жени помлади од 40 години со ознака Х, веројатно мртви, и четири жени над 40 години. Вкупно 25, од кои 22 се живи.

Според документот, 25 заложници биле држени во центарот на Газа, вклучувајќи шест војници, 12 резервисти, од кои најстариот е 53, и седум млади луѓе на возраст од 21 до 27 години. Бедуини, едниот на возраст од 55 години, а другите 18-22 години. Во областа Газа Сити – шест војници, машки и женски и тројца резервисти беа приведени заедно со четворица млади луѓе и еден 66-годишен бедуин. Вкупно во документот се наведени 71 заложник.

Третиот документ вклучува листа на жени заложници, повеќето постари и сите на крајот ослободени, вклучувајќи ги и нивните возрасти и ако тие имаат неизраелска националност.
„Ал Кудс“ не објави каде се пронајдени документите и како се примени од весникот.