Американската агенција „Стандард и Пурс“ (СиП) ги зголеми прогнозите за рејтинг на Украина од „негативни“ на „стабилни“.
„СиП“ оценува дека пакетот помош од Русија, во износ од над две милијарди долари, би требало да му помогне на Киев во покривање на трошоците од надворешното финансирање. Со оглед на најновата привремена прогноза, мали се шансите „СиП“ дополнително да ја намалат проценката за кредитен рејтинг на Украина од „Б-/Б“, кој и понатаму е во длабоко неинвестиционен статус.
Рускиот претседател, Владимир Путин, по минатонеделните разговори со украинскиот претседател, Виктор Јанукович, се согласила на купување на украински обврзници во вредност од 15 милијарди долари, како и намалување на цената на рускиот гас на Украина за една третина.