Две ракети лансирани од Либан рано утринава го алармираа северен Израел, каде се слушнале сирени за тревога.
Израелската војска соопштила дека одговорила на нападот со артилериски оган, пренесува Ројтерс. Други агенции јавуваат дека нема повредени, ниту е причинета материјална штета.
Една од ракетите била соборена со противвоздушна одбрана, а втората паднала во ненаселено место.
Во 2006 Израел војуваше против Хезболах кој има свое место во јужен Либан, а во својот арсенал има напредни ракети, пишува Ројтерс.