Сирија побара помош од ЕУ за отстранување на последиците од разорниот земјотрес

По Турција, Сирија побара помош од Европската унија за отстранување на последиците од разорниот земјотрес што ги погоди двете земји, соопшти денеска еврокомесарот Јанез Ленарчич и ги охрабри земјите-членки на ЕУ да пружат помош, без да го спомене барањето од понеделникот на сирискиот Црвен крст Европската унија да ги укине антисириските санкции.

„Утрово добивме барање за помош од сириската влада преку механизмот за цивилна заштита. Тоа барање го споделуваме со земјите-членки на ЕУ и ги охрабруваме да ја дадат бараната помош“, рече Ленарчич, кој е задолжен за управување со кризи.

Ленарчич додаде дека е важно да се осигура дека таа помош оди кај луѓето на кои им е потребна и да не се пренасочува, како и дека ЕУ ќе ја надгледува.

Властите во Дамаск се под западни и санкции од некои арапски земји од почетокот на граѓанската војна во којашто споменатите страни ги организираа и вооружуја сунитските бунтовници во граѓанската војна во Сирија во 2011 година чија цел беше во рамките на ткн Арапска пролет да биде соборена владата на алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад кој одржуваше политичка врска со Русија а Кина беше најголемиот странски инвеститорт во земјата.