Сирија јавува за стотици мртви при удар на коалицијата врз складиште на ИД со хемиски отрови

Авионите на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД бомбардирала складиште со хемски отрови на Исламската држава во сириската покраина Дер-ез-Зор, а од труењето со отровните материи загинале стотии џихадистички борци и цивили, пренесува агенцијата SANA повикувајќи се на Генералштабот на сириската армија на владата на рпетседателот Башар ал-Асад.

Нападот бил извршен меѓу 17,30 и 17,50 часот по локално време, во областа Џалта крај градот Деир-ез-Зор, на 420 километри од сириската престолнина Дамаск. Во него биле убиени голем број борци на Исламската држава, вклучително и странски платеници.

„По бомбардирањето над магацинот се издигна жолт чад. Ова укажува дека таму биле чувани резерви од токсични материи. Како резултат на тоа отруени се стотиви лица, меѓу кои и цивили“, се истакнува во соопштението на сириската команда кое го цитира агенцијата.

Притоа не се прецизира бројот на загинатите и повредените.

„Овој инцидент повторно потврува дека терористичките организаии поседуваат хемиско оружје, имаат можност да го доставуваат, да го чуваат и да го употребат, благодарејќи на помошта од познати земји од регионот“, се истакнува уште во соопштението.

На 4-ти април во градот Кан Шејхун, во покраината Идлиб, во наводен напад со хемиско оружје загинаа над 80 луѓе а повеќе од 200 беа повредени. Сириските опозиицски бунтовници за тоа ја обвинија војската на сирискиот претседател Башар ал-Асад, но армијата и тогаш истакна дека „сириската армија не поседува хемиски боеви глави, и оти сите обвиненија против неа во оваа смисла се фабрикувани“.

Ноќта кон 7-ми април американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба за бомбардирање на воздухопловната база на сириската армија во покраината Хомс, од којашто според САД полетале наводно авионите коишто го извршиле хемискиот напад во Кан Шејхун. Тоа беше поздравено од американските европски и регионални сојузници кои се залагаат за замминување на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Неговата сојузничка Русија, пак, нападот изведен со крестосувачките ракети „томахавк“ го нарече нелегален напад врз суверена држава, како и дека нема докази оти сириската армија користела хемиски агенси коишто за уништување ѝ ги предала на меѓународната мисија на Органзиацијата за забрана на хемиското оруже во 2013 година.