Над 136 илјади луѓе се убиени за време на граѓанската војна во Сирија која трае веќе три години, соопшти Сириска опсерваторија за човекови права чие седиште е во Лондон.
Оваа организација, која според руското министерство за надворешни работи не може да биде релевантен извор, бидејќи ја водат двајца луѓе од кои директорот е сопственик на ресторан во Лондон со непотполно образование, тврди дека во процените се потпира на болнички и други медицински извори, на извори од бунтовниците и активист на теренот во Сирија.
Според нивните податоци, најмалку 136.227 убиени, од кои 47.998 се цивили, од кои повеќе од 7.300 се деца.
Меѓу жртвите на граѓанската војна се и 31.629 сунитските опозициски борци додека бројот на убиени војници и полицајци на владините сили изнесува 53.167.
Директорот на Опсерваторијата апелираше до меѓународната заедница да ја изврши својата хуманитарна и морална задача за овие факти да му бидат предочени на Меѓународниот кривичен суд.