Сирија се подготвува да го ослободи Алепо

По ослободувањето на Палмира од терористичката Исламска Држава, Сириската армија во моментов се подготвува за слична операција во вториот по големина град во земјата Алепо, со руска поддршка, информира сирискиот премиер Ваел ал Халаки, пренесува Раша Тудеј.

Ние, заедно со руските партнери, се подготвуваме за операција за ослободување на Алепо и да ги блокираме сите илегални вооружени групи кои што не се придружија (или го прекршија) договорот за прекин на огнот, вели тој.

Тој додава дека по Алепо, следна цел ќе биде ослободувањето на Деир ез Зор.

Инаку минатиот месец сириската армија поддржана од руските воени авиони успеа да ја ослободи Палмира во операција што траеше три недели. Градот е стратешки лоциран во централна Сирија и неговото ослободување ја отвора можноста за понатамошна офанзива кон Деир ез Зор на исток.

Пред војната, градот Алепо што се наоѓа во северо-западна Сирија, во близина на турската граница беше економски центар на Сирија.