Националното собрание на Јужноафриканската Република со мнозинство гласови го реизбра Сирил Рамафоса за претседател, што е негов втор мандат.
Рамафоса добил 283 гласови против 44 за Јулиус Малему, лидерот на опозициската партија Борци за економска слобода.
Претходно во петокот Демократската партија соопшти дека ќе гласа за Рамафоса како дел од договорот со Африканскиот национален конгрес за формирање влада на националното единство.