Сириска ракета „земја-воздух“ го погодила јужен Израел во четвртокот, во близина на нуклеарниот реактор во пустината Негев, на што израелската армија одговоритела со ракетирање на позициите на сириската армија, објави израелската воена команда.
Сирените за тревога започнале да завиваат во подрачјето околу нуклеарниот реактор Димоне, но засега нема извештаи за настрадани или штети во Израел.
Израелската команда во соопштението за јавноста објави дека со напад одговорила на истрелувањето на неколку сириски ракети. Сириската државна новинска агенција, пак, тврди дека противвоздушната одбрана пресретнала израелски ракети чијашто цел повторно биле области во предградијата на престолнината Дамаск.
„Противвоздушната одбрана ги пресрента израелските ракети и повеќето ги собори“, наведува агенцијата SANA. Во извештајот се додава дека сепак четири сириски војници се повредени во тој напад и оти има материјални штети.
Наводен пребег од сириската армија рекол дека израелските ракети паднале многу близу градот Думаира, околу 40 километри североисточно до Дамаск, каде навдоно се сместени милициите кои ги поддржува Иран. Станува збор за област којашто Израел повеќепати ја ракетираше во изминатата деценија по започнувањето на граѓанската војна во Сирија, којашто прерасна во регионален па и глобален конфликт.
Портпаролот на израелската војска изјавил за Reuters дека ракетата била истрелана врз израелски борбен авион, но дека ја промашила целта и ја погодила областа околу Димона.
Станува збор за ракета од типот „SA-5“, една од неколкуте такви истрелани врз авионите на израелската војска, тврди армискиот портпарол. Ракетата паднала на околу 30 километи од реакторот, додал.
Израелските медиуми претходните седмиции пишуваа дека се засилува противвоздушната одбрана околу реакторот Димона и пристаништето Еилат на Црвеното Море, во очекување на можен ирански ракетен или напад со беспилотни летала со голем долет, можебид дури и од Јемен. Тој напад би следел, по експлозијата и инцидентот на иранската нуклеарна постројка Натанц, саботажа зад којашто Техеран но и некои американски медиуми тврдат дека стои Израел.
Иако Израел официјално тврди дека не поседува нуклеарно оружје, експертите веруваат дека нуклеарниот рактор Димона, со официјален назив Нуклеарен истажувачки центар Шимон Перес, учествува во изработката на израелското нуклеарно оружје.