Сириската армија заземала шест града во покраината Идлиб

Сириската армија заземала шест градови во северозападната покраинa Идлиб, последното бунтовничко упориште, пренесуваат во неделата сириските државни медиуми и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SPHR) со седиште во Лондон.

Стотици илјади луѓе ја напуштија поради интензивните борби и бомбардирања на сириските и руските сили покраината Идлиб изминатите неколку седмици. По девет години војувње, бунтовниците кои ја имаа поддршката од западните и соседните сунитски земји, сведени се на мал дел во Идлиб.

Во недеалата SOHR објави дека во изминатите 24 часа сириската армија заземала шест градови во покраината Идлиб. Според Опсерваторијата, руското воздухопловство им помогнало со воздушни удари на силите на претседателот Башар ал-Асад, кои дошле до предградието на Марат ал-Нуман, стратешки важен град оддалечен 33 километри од градот Идлиб, административниот центар на истоимената покраина.

Истовремено сириската армија целосно го контролира и стратешкиот автопат кој ги поврзува двата најголема град во земјата Дамаск и Алепо.

Офанзивата беше започната поради непочитувањето на кревкото примирје кое на 12-ти јануарти го постигнаа Турција, којашто ги поддржува бунтовниците, и Русија која ја поддржува владата во Дамаск. Повеќе од 3,5 милиони сириски бегалци се веќе сместени во Турција, и Анкара стрвува дека дополнителни милион бегалци би можеле да минат на турска територија, доколку сириската војска потполно го заземе Идлиб.

Дамаск и Москва порачуваат дека се борат против џихадистичките милитанти кои ги засилија нападите врз цивилите во Алепо на северот од Сирија, но западните хуманитарни организации тврдат дека со нападите се погодени цивилите, како и дека наводно биле бомбрдирани училишта и болници, што руската страна го отфрла.

„Одговорот на војската нема да биде ограничен на вооружените терористички организации кои изведуваат напади, туку ќе вклучува разорни операции на теренот и тие нема да престанат сѐ додека остатоците од тероризмот не бидат искоренети“, изјавил армиски извори за државната сириска агенција SANA.