Руското министерство за одбрана соопшти во четвртокот дека сириската армија ја заземала Дума, последниот град во провинцијата Источна Гута кој беше под контрола на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам во сунитската приградска енклава во близина на сириската престолнина Дамаск.
„Истакнатото државно знаме над една зграда во градот Дума покажува дека е преземена контрола над локацијата и над цела Источна Гута“, изјави генерал-мајорот Јуриј Евтушенко, шеф на рускиот Центар за мир и помирување на завојуваните страни во Сирија, цитиран од руските медиуми.
Источна Гута беше изминатите седум години од сириската војна позиција од која се изведуваа смртоносни ракетни напади врз Дамаск и се организираа самоубиствените бомбашки напади.
Руската армија обезбедуваше воздушна поддршка за копнената офанзива на сириските владини сили за ослободување на Источна Дума, којашто започна на 19-ти февруари.
Руското министерство за одбрана соопшти дека во четвртокот дека руската воена полиција е распоредена во Дума. „Тие се гаранти за спроведување на законот и редот во градот“, го цитира соопштението агенцијата РИА.
Недомна, руските претставнии посредуваа во преговорите меѓу милитантите и сириската влада, со што беше обезбедено сигурно излегување на бунтовниците на Џаиш ал-Ислам кон Јарабул, град во северниот дел на Сирија кој уште е под контрола на бунтовничките сили.
Претставниците на рускиот Центар потврдија дека стотици борци на Џаиш ал-Ислам и нивните семејства според договорот ја напуштиле Дума. Меѓутоа, терористичката групација се обидела да остане во градот како локални сили, што било одбиено, пренесува Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Ослободувањето на градот Дума доаѓа во време на зголемената ескалација и заканите од американска воена операција против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад по наводниот напад со хемиско оружје во овој град.
Информациите за наводниот хемиски напад дојдоа токму во моментите кога сириската војска продре во Дума и се очекуваше целосно да го заземе градот. САД и нивните сојузници веднаш и без докази ја обвинија владата во Дамас и се заканија со воена операција против Сирија, на што Русија одговори со предупредување дека ќе се спротистави на воената операција.