Сириските војници убиле 93 бунтовници во судир околу познатиот замок Крак, кој што датира од периодот на крстоносните војни.
„Единицата на сириската војска, која ги истерала силите на опозицијата од познатиот замок од добата на крстоносните војни кај границата со Либан, убила 93 бунтовници кои се обиделе да влезат од таа земја”, изјавил денеска командантот на напаѓачите.
Замокот, кој што во 2012 беше заземен од бунтовниците, е под заштита на УНЕСКО.