Сириски бунтовници тврдат дека погодиле руски хеликоптер

Сириските бунтовници денеска погодија руски хеликоптер, поради што леталото принудно слетало во сириската провинција Латакија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, пренесува МИА.

– Група сириски бунтовници со американска противтенковска ракета го погодија рускиот хеликоптер, се наведува во соопштението на Центарот.

Турски воени авиони денеска соборија руски авион, како што тврди Москва, над територијата на Сирија.