Сириски мигранти ограбени во Куманово

Петмина разбојници во петокот ограбиле двајца сириски мигранти.

Од нападнатите сириски мигранти М.А.(25) и Б.А.(17 ) биле одземени рачен часовник, 500 евра и гардероба.

Од страна на СВР Куманово по преземени мерки пронајден е и приведен Б.А.(20) од Куманово, а по вториот осомничен С.А.(26) и уште три засега непознати лица се  уште се трага. Кај Б.А. е пронајден рачниот часовник и против истиот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и од страна на судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена додека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје