Сирискиот претседател Башар ал-Асад во неделата во текот на посетата на Иран, најголемиот регионален сојузник на Сирија, се сретна со врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи, а двајцата челници повикаа на зајакнување на врските меѓу Дамаск и Техеран, објавија иранските државни медиуми.
Асад, кому ова му е второто патување во Техеран од почетокот на поддржаната од Западот разорна војна во Сирија од 2011 година, се сретна и со иранскиот претседател Ебрахим Раиси, извести новинската агенцијата IRNA.
„Денешната Сирија не е она што беше пред војната, и иако тогаш немаше разорувања но почитувањето и престижот кој Сирија го уживе се поголеми од претходно, и денес сите ја гледааат оваа земја како сила“, му рекол ајатолахот Хамнеи на претседателот Асад.
Сирискиот челник успеа да направи пресврт во граѓанската војна во Сирија против сунитските бунтовници вооружувани и поддржувани од сунитските земји во регионот предводени од Саудиска Арабија и од Западот, како и од ултрарадикалната сунитска џихадистичка организација Исламска држава, со клучната улога на шиитските проиранска милиција Хезболах и од соседен Либан, како и од Ирак, а најмногу со големата воена интервенција на Русија од 2015 година.
Асад изјавил дека „стратешките врски меѓу Иран и Сирија ја спречија доминацијата на израелскиот ционистички реќим во регионот“, пренесува иранската државна телевизија.
Израел, чиешто постоење Исламската Република одбива да го признае, често напаѓа, како што самиот тврди а потврдил и Асад, ирански цели во Сирија.
Иранскиот претседтел Раиси во текот на средбата со Асад рекол дека приоритет на неговата влада да се зајакнат стратешките врски со Сирија,
Иранското економско влијание во Сирија последните години се зголемил, што ѝ овозможува на владата на Асад да зема кредитие, а се склучуваат и вносни деловни договори.