![turcija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/akcakaleye-havan-mermisi-atildi-3-yaraliG-lW1Bub40WIiRn1qaUbgQ.jpg?resize=620%2C258&ssl=1)
Најмалку 18 луѓе се ранети во гранатирањата од Единици за одбрана на народот (YPG) на сириските Курди врз турските градови Акчакале и Џелјланпинар на границата со Сирија, пренесеува во четвртокот телевизијата NTV.
Според прилогот, цели на гранатирањата во турската провинција Санлиурфа биле објекти на покраинската администрација.
По нападите бил отворен одмазнички оган, а курдските сили запалиле огнови за да ги попречат турските беспилотни летала чија цел била да ги лоцираат местата од кои било изведено гранитирањето.
Локалните власти го предупредуваат населението од пограничната област да внимава, а училиштата се затворени најмалку до понеделник.